Монтреал
Десетици жртви од топлиот бран во Канада
06.07.2018 11:39
Температурите достигнаа и до 45 степени во Монтреал, каде што починаа 18 лица.

Најмалку 33 лица починаа од необично топлиот летен бран во канадската провинција Квебек. Температурите достигнаа и до 45 степени во Монтреал, каде што починаа 18 лица.
Повеќето од жртвите живееле на високите катови на згради и немале клима уреди. Топлиот бран почна кон крајот на јуни, и го зафати источниот дел на Канада, а метеролозите очекуваат да престане деновиве.
