Политика

Власта и опозицијата без договор за референдумот

25.07.2018 17:14

Премиерот Заев вели дека мора да има консензус за државните интереси. Откривајќи детали од последната лидерска, рече дека било договорено референдумот да се одржи што е можно порано...

Камен на сопнување меѓу власта и опозицијата сѐ уште се карактерот на референдумот и прашањето. Премиерот Заев вели дека мора да има консензус за државните интереси. Откривајќи детали од последната лидерска, рече дека било договорено референдумот да се одржи што е можно порано. Посакува одлуката за референдум да биде донесена до 30-ти јуни за да може да се одржи на 30-ти септември. Според шефот на Владата, прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“ го одразува актуелниот момент. Вели, отворен сум за дијалог.

Референдумското прашање треба да биде според Уставот, став на ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат на позициите од последната лидерска што претседателот на партијата ги презентирал пред партиската четворка. Од опозициската партија не бараат лидерска средба.

Премиерот Заев дециден- нема разговори за измени во Кривичниот законик сѐ додека тие допираат до кој било случај на СЈО, бидејќи во спротивно тоа би било директна или индиректна амнестија.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат- ниту се разговарало, ниту се барала амнестија. Премиерот појаснува- ветивме правна држава и спроведување на реформите и тоа ќе се случи. Очекува договор со ВМРО-ДПМНЕ за референдумот, а ако нема вели, тој ќе се спроведе, бидејќи мора да се овозможи процесот да биде успешен.

Одговорност носи Владата, но и опозицијата, смета Заев. Не планира да свика нова лидерска средба.

 

Милчо Велески