Одбрана

Почнаа претпристапните преговори за членство во НАТО

25.07.2018 17:19

Следува интензивен период во кој ќе се направат финалните процеси со што ќе станеме 30-та членка на сојузот.

И официјално почнаа претпристапните преговори за членство на земјава во НАТО. По средбата на нашиот координатор, Стево Пендаровски со делегацијата на Алијансата, предводена од директорот за европски и глобални партнерства Џејмс Мекки, двајацата информираа за идните чекори.

Мекки истакна дека земјава повеќе години е вклучена во процесот партнерство за мир и во изработка на акциски планови за членство, што значи дека е подготвена за полноправно членство. Следува интензивен период во кој ќе се направат финалните процеси со што ќе станеме 30-та членка на сојузот.

Алијансата е подготвена веднаш да одговори на заложбите кои со години ги повторува, а тоа е „политиката на отворени врати“. Тие имаат намера да ги исполнат своите обврски, а ние нашите обврски, посочи Пендаровски.

Делегацијата на НАТО веќе имала состанок со премиерот Зоран Заев, со министрите за внатрешни работи, надворешни и за одбрана, како и со нивни тимови.

 

Фиљана Кока