Поддршка има, проекти за рурален туризам нема
Од невладината „Рурална коалиција“ велат дека главните причини за ова се информациите, инфраструктурата и координацијата меѓу институциите. Спровеле анкета, според која само пет насто од тур- операторите го промовирале руралниот туризам и обезбедиле сместување.
За три години, ниту денар не бил искористен за проекти за рурален туризам, иако на располагање е ставена финансиска поддршка пет милиони денари преку Министерството за економија. Од невладината „Рурална коалиција“ велат дека главните причини за ова се информациите, инфраструктурата и координацијата меѓу институциите. Спровеле анкета, според која само пет насто од тур- операторите го промовирале руралниот туризам и обезбедиле сместување.
„Нема координаран пристап меѓу засегнатите страни. Во последните три години над 5 милиони денари за поддршка од Министерството за економија остануваат неискористени“, изјави Лилјана Јоноски од Рурлната коалиција.
Сопствениците на капацитети се жалат дека административните процедури за унапредување на бизнисот се сложени.
„Не се едноставни процедурите, треба многу време за да се направи една планска документација“, изјави Ангел Манче, сопственик на капацитет во с. Слепче.
Истражувањето кое било спроведено во осум плански региони, со над 120 капацитети, покажало дека предности за привлекување странски туристи во руралните средини се недопрената природа и евтините услуги.
Дијана Ценевска
