„Мурат Тиџарет“ ја почна инвестицијата во Македонија

25.07.2018 17:28

Менаџментот најави, инвестицијата ќе тежи седум милиони евра. Првичното производство на кабли и електрични инсталации за европскиот и американскиот пазар ќе го стартуваат година на површина од шест илјади метри кавдрати со 300 вработени.

Турската компанија „Мурат Тиџарет“ почна да ја гради фабриката во индустриската зона во Бунарџик. Менаџментот најави, инвестицијата ќе тежи седум милиони евра. Првичното производство на кабли и електрични инсталации за европскиот и американскиот пазар ќе го стартуваат година на површина од шест илјади метри кавдрати со 300 вработени. Проектирале за 10 години за три пати да се прошири инвестицијата.

„Нашата одлука за инвестиции се базира на фактите за блиски пријателски односи меѓу двете земји м потенцијалот на Репубилика Македонија, позитивните услови за нови инвестиции и политичката стабилност на земјата. Новата фабрика ќе претставува значајна точка кон европскиот пазар. Од почетокот на 2019-та планираме почеток на производството, а во следните пет години да вработиме 500 лица“, посочи Шахан Мурат Гора, сопственик на фабриката.

Компанијата е основана во 1969-та година, производствени капацитети има во неколку држави, има над две илјади вработени. Бизнисот во државава ќе го развива и со подршка од владините субвенции за стимулирање на инвестициите дел од пакетотмерки за еконоски раст.

Од вкупно седум, ова е четвртата турска инвестиција лоцирана во двете технолошки индустриски зони во Бунарџик. Од владата велат 400 милиони евра е ланскиот промет на

Договорот за закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје, Мурат Тиџаре- добавувач на производи за компании од автомобилската индустрија беше потпишан во декември минатата година. Од Владата најавуваат дека има голем интерес за за нови турски инвестиции. Очекуваат со поканата за членство во НАТО и Европската унија, да се создадат предвидливи услови и деловна клима за инвестирање.

Сузана Фиданска- Стоевска