ВАШИНГТОН

Трамп го обвини Малер за конфликт на интереси

30.07.2018 10:09

Малер треба да утврди и дали има заговор меѓу руски функционери и штабот на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини специјалниот обвинител Роберт Малер за „конфликт на интереси“, поради што не смее да води истрагата на наводното руско мешање во претседателските избори во 2016 година.

Малер треба да утврди и дали има заговор меѓу руски функционери и штабот на Трамп. Челникот на Белата куќа додаде дека „ловот на вештерки“ против него почнал од лажно досие за кое платиле Хилари Клинтон и Демократската партија.