Регулаторната комисија ќе објави нови цени на топлинската енергија
30.07.2018 10:24
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за денеска најави информација за цените на топлинската енергија

Регулаторната комисија за енергетика за денеска најави информација за новите цени на топлинската енергија. Воедно, на три подготвителни седници регулаторите треба да донесат предлог одлуки за одобрување регулиран максимален приход и тарифни ставови на Балкан енерџи- производство, дистрибуција и снабдување со топлина енергија, како и за друштво за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север и АД Електрани на Македонија Скопје – Подружница Енергетика Скопје.
Со одлука на Комисијата од први месецов за 0,1 процент беше намалена цената на електричната енергија.
