72 капитални инвестиции за една година
Министерството за финансии со список од 72 капитални инвестиции реализирани за една година. ВМРО-ДПМНЕ со обвинување- економијата е со најнизок раст во Европа...

Градинка, јавни објекти, водоводна мрежа, локални патишта- се дел од капиталните инвестиции реализирани лани, преку Проектот за подобрување на општински услуги, информираа од Министерството за финансии.
Од јуни лани до истиот период годинава, завршени се 72 капитални проекти во 41 општина. Според првиот финансиер Тевдовски, со проектот подобени се условите во водоснабдувањето, канализацијата и отпадните води, енергетска ефикасност, локална патна инфраструктура.
Проектот е поддржан од Светска банка со 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Во следните шест месеци во рамки на овој проект ќе започне реализација на 27 нови капитални инвестиции во 22 општини.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со став, Владата има најслаба реализација на капитални инвестиции во историјата. Како што велат, за неспособноста на Владата потврдува и извештајот објавен од финансии според кој, процентот на реализација е нешто повеќе од 16 насто.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Македонија е презадолжена држава, а јавниот и државниот долг ги урнаа психолошките бариери. Правејќи споредба, од опозициската партија потенцираат дека претходните влади за истиот период реализирале и по речиси 45 проценти од предвидените капитални инвестиции.
Игор Панов
