Зимбабве
Први избори во Зимбабве по смената на Мугабе
30.07.2018 10:49
Околу 5,3 милиони граѓани имаат право на глас, а со одлука на Уставниот суд, граѓаните што живеат во странство не можат да гласаат. Во трката за претседател учествуваат вкупно 23 кандидати.

Во Зимбабве се одржуваат првите парламентарни и претседателски избори по смената од власт на долгогодишниот претседател Роберт Мугабе.
Околу 5,3 милиони граѓани имаат право на глас, а со одлука на Уставниот суд, граѓаните што живеат во странство не можат да гласаат. Во трката за претседател учествуваат вкупно 23 кандидати.
94-годишниот Мугабе беше принуден да се повлече од функцијата. На прес-конференција го обвини неговиот наследник Емерсон Мнангагва дека ја заробил државата и ги повика граѓаните да гласаат за неговиот најсериозен опонент Нелсон Чамиса.
