ЕП одобри безвизен режим за граѓаните на Молдавија
Молдавија, која во ноември 2013 ја потпиша спогодбата за асоцијација со Европската унија, стана првата држава од програмата Источно партнерство која доби безвизен режим за патување на своите граѓани во Шенген зоната...

Европскиот парламент одобри безвизен режим за слободно движење на граѓаните на Молдавија во земјите од Шенген зоната.
На пленарната седница во Стразбур европратениците ги усвоија измените во европското законодавство.
Предлогот на парламентарната комисија се заснова на значителниот напредок што го достигнаа молдависките власти во изминатите три и пол години, кога почна дијалогот за либерализација на визниот режим, се вели во извештајот што го претстави словенечката пратеничка Тања Фајон.
Со тоа Молдавија, која во ноември 2013 ја потпиша спогодбата за асоцијација со Европската унија, стана првата држава од програмата Источно партнерство која доби безвизен режим за патување на своите граѓани во Шенген зоната.
Одлуката на ЕП треба да биде одобрена од Советот на ЕУ, иако за неа веќе дадоа согласност сите земји-членки на Унијата.
