ГРЦИЈА

По пожарите, поплави во Атинскиот регион

30.07.2018 11:02

Пожарникарите имале над 190 повици од граѓани кои биле заробени во водата.

По смртоносните пожари во кои загинаа над 90 луѓе, атинскиот регион го погодија поројни дождови. Блокирани се повеќе сообраќајни  правци.

Пожарникарите имале над 190 повици од граѓани кои биле заробени во водата.

Во рамките на истрагата за шумските пожари е уапсен 65-годишен маж, којшто според сведочењата на очевидци, палел трева и суви гранки на рид во источна Атина од каде што почнал огнот.