САД
Жртви во пожар во северна Калифорнија
30.07.2018 11:38
Спасувачите трагаат и по исчезнати. Огнот се прошири поради силните ветрови и сушата.

Неколкумина загинаа во големиот шумски пожар во северна Калифорнија во близина на Рединг. Спасувачите трагаат и по исчезнати. Огнот се прошири поради силните ветрови и сушата.
Пожарот во националниот парк Јосемити е под контрола во една третина од површината на која што се прошири.
