Индустриското производство во јуни поголемо за 12,1 проценти
30.07.2018 13:58
Во периодот јануари- јуни 2018-та, пак, во споредба со истиот период минатата година, има пораст од пет проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани е поголемо за 12,1 насто. Во периодот јануари- јуни 2018-та, пак, во споредба со истиот период минатата година, има пораст од пет проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
По сектори, индустриското производство во рударството и вадење камен, во јуни годинава во однос на јуни 2017-та бележи опаѓање од 4,2 насто, во секторот преработувачка индустрија има пораст од 14,1, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 16,3 насто.
