Седницата за распишување на референдумот закажана за 15:30 часот

30.07.2018 14:42

Седницата за донесување на одлуката за распишување референдум, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 15 часот и 30 минути.

Во Собранието на Република Македонија е поднесена иницијативата за распишување референдум за името, потпишана од пратениците од владејачкото мнозинство- СДСМ, ДУИ и БЕСА.

Седницата за донесување на одлуката за распишување референдум, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 15 часот и 30 минути.

Според информациите од владејачкото мнозинство, на седницата на дневен ред ќе бидат две одлуки, првата за распишување на референдумот и втората за распределување средства за таа намена.

Иако не ја поддржаа иницијативата, на седницата ќе присуствува и пратеничката група на вмро-ДПМНЕ која најави дека ќе го образложи својот став, зошто се против ваквата одлука и референдумско прашање.