Земјоделство

Оризот добро напредува

05.09.2018 15:48

Временските услови се погодни за развојот на оризовата култура. Годинава се очекува жетвата да биде како и минатите години, во просек да се соберат скоро 23.000 тони оризова арпа. Сепак експертите велат дека до влезот на комбајните, сѐ уште има работа на оризовите полиња...

Оризопроизводителите годинава очекуваат добри приноси. Поволните временски услови и доволните количества на вода во хидросистемот „Брегалница“  ќе овозможат жетва на скоро 4.300 хектари од оваа култура.

Иако поголемиот дел од полските работи за заштита и за прихранување завршија, сеуште има работа за дополнителното чистење на плевелите.

Според експертите кај одделни парцели каде што сеидбата доцнеше, доколку има потреба може да се продолжи и со ѓубрењето, а се препорачува и чистење на парцелите од црвени форми на ориз, кои доколку останат на нивите се штетни.

Увидот на теренот покажаува дека на најголемиот број од засеаните полиња, оризот добро напредува, и со бројот на растенија по единица површина и со нивниот раст и развој и дека заштитните мерки против плевени се навремер завршени.

Годинава во Кочанско наесен според очекуваниот просечен принос би требало да се ожнеат повеќе од 23 илјади тони оризова арпа.  

 

Методија Трајков