Одбрана

Шекеринска: Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО, продолжуваме со реформите

05.09.2018 15:52

Македонија ќе стане 30-та членка на Северноатланската алијанса, продолжува со реформите и е сериозен партнер на НАТО, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на Воздухопловната бригада во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец...

Македонија продолжува со реформите во одбраната како сериозен партнер на НАТО во мировните операции. Втората посета на Генералниот секретар на Алијансата годинава и посетите на канцеларите на Австрија и на Германија ја покажуваат сериозната намера на сојузниците, Македонија да стане 30-та членка на НАТО, вели министерката за одбрана Шекеринска при посетата Воздухопловната бригада на АРМ.

Ремонтирани се четири хеликоптери на македонската Армија, со што се зголемува капацитетот и оперативноста на Воздухопловната бригада. Распишан е и конкурс за осум воени пилоти. Некои од нив, како пилотот Бошковски, кој од лекар решил да стане офицер.

Од почетокот на годинава, Македонија го зголеми бројот на припадниците во мировната операција во Авганистан и дополнително упати војници пред изборите во средноазиската држава.

 

Ирина Гелевска