Спасовски: Ќе обезбедиме мирен амбиент за спроведување на референдумот

05.09.2018 15:53

Да се ослободиме од говорот на омраза во пресрет на референдумот, повика министерот за внатрешни Спасовски. Министерството со невладините заедно ќе работат на избегнување на какви било инциденти на денот на граѓанското изјаснување...

Ќе обезбедиме мирен амбиент за спроведување на референдумот, ослободен од секаков вид закани и говор на омраза што би можеле да имаат последица врз правото и слободната волја на секој граѓанин, уверува министерот за внатрешни работи, Спасовски. Заедно со претставници на невладини организации се обврзаа заеднички да работат на превенција на говорот на омраза, кој како што рекоа, се интензивира со доаѓањето на денот за гласање.

Од невладината „Цивил“ велат дека со говорот на омраза се прави опструкција врз граѓаните за да не можат да го остварат своето право на глас, без разлика дали се „за“ или „против“. Оттаму апел- граѓаните да се воздржат, а институциите да го санкционираат говорот на омраза.

Покрај говорот на омраза, тема на средбата беше и борбата против насилниот екстремизам и тероризмот.

 

Викторија Милевска