Финансии

Тевдовски: Нема потреба од ребаланс на буџетот

05.09.2018 15:54

70 милиони евра од Светска банка ќе се инвестираат за подобрување на состојбата во општинската патна мрежа. Министерот за финансии Тевдовски, тврди нема потреба од ребаланс на буџетот. Оцени- макроекономските показатели се позитивни, ликвидноста одлична...

Ребаланс на буџетот нема да има, тврди министерот за финансии. Убедува државната каса е високо ликвидна. Редовно се вршат исплати од трезорот. Тевдовски оценува- макроекономските показатели се позитивни, индустриското производство покажува раст од 5,6 насто за седумте месци од годинава, извозот е повисок, кредитрањето силно, инфлацијата под контрола, наплатата на даноците зголемена.

Со 70 милиони евра од Светската банка ќе се подобрува инфраструктурата во шест општини. Потпишаа договори за реализација на осум капитални проекти и развпј на општинските услуги.

Тевдовски најави и нов јавен повик за капитални проекти, осум милиони евра за локлани патишта, комуналии, градинки. Проектот за подобрување на општинските услуги се спроведува со поддршка на Светската банка и Европската унија преку ИПА.

Со став дека државата ќе им помогне на општините за враќање на старите долгови со ребалнсот во октомври, спротивно на тврдењата на министерот за финансии, премиерот Заев најави ребалнс на буџет во окотмври.

 

Сузана Фиданска- Стоевска