Нордиско скијање

Викенд раздвижување на Мирна долина

27.02.2014 14:50

Викендов ќе се изброи 51-то битисување на традицијата Мавровски меморијал на падините на Бистра.

Во безмалку пролетни услови со вондредни вложени напори на нордиската крос кантри патека ќе се појават натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Бугарија, Романија, Турција и секако Македонија. Овие 9 држави ќе бидат претставени со 40 нордијци кои ќе имаат настап на 5 и 10 километарска делница и околу 20-тмина нордијки кои ќе истрачаат 5 километри.

Постолимпискиот период малку незгоден за натпреварувачите, па и најавите на нордијци од Норвешка и Америка и овој меморијал ќе изостанат. Во конечниот список на учесници ќе го нема и бугаринот Веселин Цинцов кој котира како најдобар балкански нордиец, како и Романецот Пепене Паул.

Затоа во Марврово ќе трча Миленко Петровиќ српскиот нордиец кој се закити на минатогидишните Медитерански игри со злато во крос-кантри и биетлон. Како домаќини ќе си земеме за право да пуштиме малди сили, 14 нордијци и 2 нордијки, претежно јуниори од 16 до 18 годишна возраст да се соочат со посилна конкуренција. По неколку годишна финансиска апстиненција повторно овој меморијал со парични награди, што ќе се востанови како ставка која ќе биде во иднина и мамка за позвучни имиња.

Стартно-целната рамнина на прекрасната патека Мирна долина се наоѓа на 1650 метри надморска висина со највисока точка на 1710. Трките ќе започнат и во сабота и во недела во ист термин, 11 часот доколку дозволат временските услови, ако не, можно е да се стартува час порано.

Покровител на меморијалот е претседателот на македонското собрание Трајко Вељановски, а во организацискиот одбор се потпишува и Агенцијата за млади и спорт и скијачката федерација.