Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал

06.09.2018 12:13

Статистика бележи позитива во секторите: уметност, забава и рекреација, услужните дејности, трговијата, поправката на моторни возила и мотоцикли, транспорт, сервисни дејности со храна.

По минималните 0,1 процент во првиот квартал од годинава, бруто домашниот производ во второто тримесечје забележа раст од 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Статистика бележи позитива во секторите: уметност, забава и рекреација, услужните дејности, трговијата, поправката на моторни возила и мотоцикли, транспорт, сервисни дејности со храна.

Пораснала и финалната потрошувачка на домаќинствата. Извозот во вториот квартал се зголемил за 13 проценти, а увозот за 6,6 отсто.