Јапонија

По земјотресот, лизгање земјиште во Хокаидо

06.09.2018 13:06

Дестина загинати во земјотрес што го погоди јапонскиот остров Хокаидо. Властите напомош упатија 25 илјади војници и волонтери, а војската се грижи за снабдувањето со питка вода во погодените подрачја.

Земјотрес со јачина од од 6,7 степени по Рихтер го погоди јапонскиот остров Хокаидо. Загинаа десетина луѓе. Има и повредени и исчезнати. Сеизмолозите наведуваат дека потресот бил на длабочина од околу 40 километри, по што предизвикал лизгање земјиште, во кое биле повредени многу луѓе. Одредени области останале без електрична енергија. Оштетени се многу патишта и куќи во главниот град на префектурата, сапоро.

Ако дрвјата ја пробиеја куќата, ќе загинев“.

Земјиштето се излизга. Не знам што се случи. Ова е неверојатно“- велат жители на островот.

Премиерот Шинзо Абе наведе дека се испратени 25 илјади војници и волонтери во погодените области за да помогнат во спасувачките операции.

Владата ќе стори се што е во нејзина моќ да помогне во спасувачките напори со мобилизација на полицајци, пожарникари и припадници на крајбрежната стража“, изјави премиерот Абе.

Јапонската метеоролошка агенција наведе дека нема опасност од цунами. Властите соопштија дека најверојатно пет луѓе бил затрупани под наносот на земјиштето во областа Хоширо, како и дека околу 40- ина луѓе, кои биле отсечени од светот по земјотресот биле безбедно евакуирани.

Аеродромите и голем број патишта на островот се затворени. Владата оформи и посебна единица во центарот за управување со кризни ситуации. Војската распореди цистерни со вода во сапоро додека не се врати снабдувањето со струја и вода.

Земјотресот следуваше по тајфунот што ги опустоши западните делови од Јапонија.

 

Марина Ристова