Вашингтон

Сослушување на првите луѓе на Фејсбук и Твитер во Сенатот

06.09.2018 14:12

Демократската партија во САД го обвини Фејсбук за ширењето на лажните вести, како и продавањето на податоците на корисниците што ги собира оваа платформа.

Претставници на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер сведочеа пред Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, за злупотребата на овие мрежи од странските разузнавачки служби што влијае врз американската политика.

Демократската партија во САД го обвини Фејсбук за ширењето на лажните вести, како и продавањето на податоците на корисниците што ги собира оваа платформа.

Претседателот Доналд Трамп, пак, ги обвини големите социјални мрежи, особено Гугл, дека се наклонети кон левицата и ги замолчуваат десничарски коментатори во пресрет на Конгресните избори во ноември.