Инвестиции

Американска компанија гради фабрика во слободната зона кај Охрид и Струга

06.09.2018 16:49

Денеска беше означен почетокот на новиот проект во технолошко- индустриската зона „Охрид- Струга“. Компанијата „Речи енд санс ентерпрајс“ ќе инвестира во фабрика за производство на пасти за заби, течности, производи за лична хигиена и чистење. Инвестицијата е вредна три милиони евра, а сопственик на компанијата е син на иселеник од Македонија во Соединетите Американски Држави...

Американската компанија „Речи енд санс ентерпрајс“ ќе произведува производи за лична хигиена и чистење. Инвеститор е син на иселеник од Македонија во САД, кој означувајќи го почетокот на овој проект рече дека со изградбата на фабриката се исполнува неговиот сон- да инвестира во Македонија, земјата која што тој и членовите на неговото семејство ја носат во своите срца.

Инвестицијата е резултат на подобрувањето на економските услови, политичката стабилност, довербата во институциите и двојната подршка од владата за иселениците кои ќе инвестираат во Македонија.

На свеченоста присуствуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев кој рече дека ова е само една од фабриките кои што ќе се градат во низа, и дека станува збор за прва инвестиција од наш иселеник по донесувањето на новиот закон за подршка на инвестициите.

 

Сашо Нелоски