Во Брисел продолжува дијалогот Белград - Приштина
Могерини деновиве изјави и дека „постои реална шанса Вучиќ и Тачи да постигнат договор со кој ќе се решат сите отворени прашања меѓу Белград и Приштина“.

Во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина, а портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека српскиот претседател Вучиќ и косовскиот претседател Тачи, со посредство на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, ќе продолжат да работат на сеопфатната нормализација на односите и постигнување правно обврзувачки договор.
Могерини деновиве изјави и дека „постои реална шанса Вучиќ и Тачи да постигнат договор со кој ќе се решат сите отворени прашања меѓу Белград и Приштина“.
Белград се спротивставува на изборот на Фатмир Лимај за шеф на делегацијата, дополнувајќи и дека од Приштина има сигнали за неуспех на разговорите што би довело до дестабилизација на регионот.
