Крвава претседателска кампања во Бразил
Жаир Болсонаро, кандидатот на крајната десница на бразилските претседателски избори идниот месец, е ранет со нож за време на предизворен митинг. Болсонаро води во сите предизборни анкети. Напаѓачот е уапсен...
Жаир Болсонаро, претседателскиот кандидат од крајната десница во Бразил, е ранет со нож за време на предизборен митинг. Медициснкиот тим соопшти дека процесот на закрепнување ќе трае со месеци. Митинзите и социјалните мрежи се единствените средства на Болсонаро каде што може да ја промовира својата програма бидејќи според законот на Бразил, нема речиси никакво претставување на телевизиите и радијата. Полицијата во градот Жуиз ди Форма го приведе осомничениот за нападот за којшто е констатирано дека имал психички проблеми.
„Повреди се нанаесени врз органите на дигестивниот систем. Неопходно беше да третираме повеќе точки. Засега, пациентот останува в болница“, изјави Луиз Енрике, доктор.
Една од главните пораки на Болсонаро е искоренувањето на насилниот криминал. Сега кога и самиот стана жртва на ваков напад, се прогнозира дека поддршката за неговата програмадополнително ќе се зголемува.
Контроверзниот политичар многупати беше критикуван поради расистички коментари, барањето за поблаги закони за контролата на оружјето и поддршката за забрана за абортусот. 63-годишниот Болсонаро, којшто ја претставува Социјал-либералната партија, го нарекуваат и „Бразилски Трамп“.
Во политиката влезе во 80-тите години за да ги брани правата на војската. Во тој период, земјата се врати во демократскиот систем, а во 1989 година беа одржани првите претседателски избори.
Маја Филдишев
