Предупредување за Русија за „Новичок“

07.09.2018 11:12

Четирите држави најавија дека заеднички ќе работат за да ги сузбијат „непријателските активности на странските разузнавачки служби“ насочени кон нив...

Британија, САД, Франција и Канада испратија заедничка порака до Русија во која побараа од Москва да ги открие деталите за својата програма за развој на хемискиот отров „Новичок“.

Четирите држави најавија дека заеднички ќе работат за да ги сузбијат „непријателските активности на странските разузнавачки служби“ насочени кон нив, дека ќе се борат против користењето на забранети оружја и ќе ги штитат своите граѓани од непријателски тајни служби.

Во Обединетите нации, рускиот амбасадор побара и Москва да се вклучи во истрагата, што беше уште еднаш одбиено од Лондон.