Вашингтон: Има докази за подготовки за хемиски напад во Идлиб
07.09.2018 12:00
Новиот американски пратеник за Сирија, Џим Џефри предупреди дека каков било напад врз бунтовничката енклава би претставувал „невнимателна ескалација“...

Има многу докази дека сириската влада подготвува употреба на хемиско оружје во регионот Идлиб на северозапад во Сирија, изјави новиот американски пратеник за Сирија, Џим Џефри.
Тој предупреди дека каков било напад врз бунтовничката енклава би претставувал „невнимателна ескалација“.
Сирискиот премиер Хамис претходно изјави дека провинцијата Идлиб, наскоро ќе биде вратена под суверенитет на Сирија и вети дека ќе победи во секоја идна војна.
На руските медиуми се појавија информации за подготовка за хемиски напад од таканаречените „Бели шлемови“, прозападно ориентирани.
