Кабул

Шефот на Пентагон во посета на Авганистан

07.09.2018 12:30

Во делегацијата е и началникот на оружените сили на САД, генерал Џозеф Данфорд. Тие ќе имаат средба со претседателот на Авганистан, Ашраф Гани...

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис е во ненајавена посета на Авганистан. Во делегацијата е и началникот на оружените сили на САД, генерал Џозеф Данфорд.

Тие ќе имаат средба со претседателот на Авганистан, Ашраф Гани при што се очекува да се разговара за напредокот на мировните преговори со Талибанците.