Фудбал – Реал Мадрид

Касиљас најдобра резерва!

27.02.2014 15:18

Иако брани на парче, а тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти на повеќе натпревари го користи Диего Лопез, сепак Икер Касиљас има одличен ефект сезонава и е во позиција да поставува и рекорди. Капитенот на Реал, кога е на теренот, сезонава брани само во Лигата на шампионите и во Купот на Шпанија.

Во елитното натпреварување, Касиљас меѓу погодокот на Галатасарај на 27 октомври минатата година и до вчерашниот на Шалке и тоа на Хунтелар во судиското надополнување, не дозволи неговата мрежа да се тресе дури 951 минута. Сепак, Икер не ги сака гостувањата во Германија затоа што на 12 натпревари со Реал прими дури 25 гола.

Најдобрата резерва Касиљас е во позиција да оствари несекојдновно постигнување доколку во финалето на „Кралскиот куп“ против Барселона не прими гол. Досега во историјата не се случило на осум куп натпревари некој голман да остане несовладан.

32 – годишниот Касиљас во петнеасетте сезони во Реал Мадрид собра 476 настапи, а досега освои 14 трофеи меѓу кои и два во Лигата на шампионите во 2000 и во 2002 година. Според бројот на натпревари во елитната конкуренција Касиљас е на петтото место на вечната листа со 135 меча, зад Рајан Гигс со 147, Раул и Чави со по 144 и Паоло Малдини со 137.