Економија

3,2% раст: Тевдовски оптимист, НБРМ вели- постојат ризици

07.09.2018 14:44

Првиот финансиер Тевдовски оптимист- до крајот на годинава очекува добри економски резултати. Народна банка посочува- ризици постојат. Дали ќе се оствари проектираната стапка на раст, ќе зависи од следните два квартала...

Фискалната власт со оптимизам, економијата се движи во позитивна насока, Македонија има капацитет да го оствари проектираното, раст од 3,2 проценти. Монетарната власт се оградува- сѐ уште постојат ризици, остварувањата ќе зависат од случувањата во натамошниот период.

„Сепак дали стапката на раст од 3,2 проценти ќе се оствари во голема мера ќе зависи што ќе се случува во натамошниот период. Ризиците не можам да кажам дека не постојат, постојат со оглед на тоа што во првите кваратали, ако гледаме кумулативно економскиот раст од 1,6 проценти, нашите очекувања за првото полугодие се некаде околу три проценти. Сепак, ако се гледаат податоците структурно, внатре виза ви нашите проекции, јасно е дека отстапувањето и потфрлањето е повторно концентрирано во сегментот на инвестиции и дека повторно клучно е понатаму да биде ревитализација на инвестициски циклус во нашата економија “, посочи гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска.

Министерто за финансии очекува последниот квартал да се забрза реализацијата на капиталните инвестиции. Со податоците на државната статистика за раст на БДП од 3,1 насто во изминатите четири месеци, зголемување на индсутриското производство, раст на платите и намалување на стапката на невработеност, Тевдовски убедува- економијата расте, има сегменти за поголеми очекувања.

„Економијата почнува серизоно да расте, има 3,1 насто раст, има простор за уште поголеми подобрувања, очекуваме и се преземени чекори што ќе обезбедат раст и во градежништвото и може да се очекува и забрзување на растот на економијата“, вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Финансискиот систем е стабилен и во адекватни рамки, солвентноста на банкарскиот зајакнува, ликвидонста се одржува на високо ниво, обезбедува покриеност на вкупните депозити на населениото од околу 60 насто- оценил Комитетот за финансиска стабилност.

Стапката на нефункционални кредити веќе неколку месеци е на ниво од околу пет проценти. Монетраната власт прогнозира, по забавената кредитна активност во изминатите две години- стабилизирање на состојбите, заживување на банкарските активности.

Сузана Фиданска- Стоевска