Оклахома во криза!
Оклахома влезе во лоша серија од три загубени натпревари по ред што интересно се поклопува со враќањето на повредениот Вестбрук. „Тандерс“ загубија дома од Кливленд со 114:104. До првиот триумф по трите врзани порази, „Кавалирс“ ги однесе Ирвинг кој 13 од вкупно 31 поен постигна во последниот период.

Во дербито на вечерта, „Клиперс“ дома славеа против Хјустон со 101:93. Статистички најкорисен беше Грифин кој реализираше 23 коша и дури 16 скока, но играч на мечот беше домашниот кошаркар Колисон. Иако доби поголема минутажа затоа што Крафорд се повреди во текот на дуелот, Колисон постигна 19 поени од кои седум во завршните две минути.
Портланд го декласираше Бруклин со 124:80 иако беше без првиот стрелец и скокач сезонава, ЛаМаркус. Меѓу седумте кошаркари што постигнаа по десет и повеќе поени, најрасположени беа Вилијамс со 21, Бартон со 20 и Батум со 19. Осумдесете поени се најмалку што сезонава не еден меч постигнаа „Нетси“.
Сан Антонио и без повредениот Паркер немаше проблеми против Детроит и триумфираше со 120:110. Осум играчи имаат двоцифрен поентерски ефект, а најмногу од нив уфрли Белинели и тоа 20.
Во другите натпревари: Филаделфија – Орландо 90:101, Бостон – Атланта 115:104, Чикаго – Голден Стејт 103:83, Далас – Њу Орлеанс 108:89, Мемфис – Лејкерс 108:103 и Јута – Феникс 106:86.
