Евергрини и електронски звуци за Денот на независноста
07.09.2018 15:28
Програмата почнува во 18 часот, со забавни содржини за најмладите од Петко и 5+ бенд. Потоа следува музичкиот дел за возрасни, со звуците на оркестарот на Филхармонијата и настапот на Тамара и Тијана...

По повод Денот на независноста, утре во паркот покрај владината зграда, ќе се одржи манифестација. Програмата почнува во 18 часот, со забавни содржини за најмладите од Петко и 5+ бенд.
Потоа следува музичкиот дел за возрасни, со звуците на оркестарот на Филхармонијата и настапот на Тамара и Тијана, диџеј сет на Огнен Узуновски, потоа Филхармонијата и Џијан Емин ќе се претстават со проектот „Оригинатор“, за прославата да финишира со настапот на диџејот Феки Фарис.
На настанот, свое обраќање ќе има премиерот Заев.
