Политика

Меркел утре во Македонија

07.09.2018 15:39

Од Владата информираат дека за неа претпладнето ќе биде организиран свечен пречек, по што ќе следат разговори со премиерот Заев и прес-конференција за медиумите.

Утре во официјална посета во земјава доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел. Од Владата информираат дека за неа претпладнето ќе биде организиран свечен пречек, по што ќе следат разговори со премиерот Заев и прес-конференција за медиумите.

На Меркел ова ќе и биде прва посета на Македонија. Нејзиниот портпарол соопшти дека таа сака од прва рака да формира впечаток во пресрет на референдумот.