Метео: Променливо време за викендот

07.09.2018 16:04

Во текот на денот врнежите ќе се придвижуваат кон исток, а до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Првиот ден од празничниот викенд ни носи променливо облачно време. Претпладне на запад ќе настапи зголемено наоблачување проследено со дожд и ретки грмежи.

Во текот на денот врнежите ќе се придвижуваат кон исток, а до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Од недела следува период на сончево претежно стабилно и ветровито време.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска