Германската канцеларка Меркел во Македонија

08.09.2018 10:29

Меркел ја предводи германската владина делегација во официјална посета на земјава, која претпладнево ќе има свечен пречек на платото пред Владата на РМ. По заедничката средба премиерот Зоран Заев и германската канцеларка ќе имаат заедничка прес-конференција.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска престојува во посета на Македонија. Ова е прва посета на германски канцелар на Македонија и нејзиниот престој во земјава е дел од поддршката, што меѓународната заедница ја дава за претстојниот референдум, закажан за 30-ти септември, кога граѓаните треба да се произнесат за Договорот од Преспа и интегрирањето во НАТО и ЕУ.

Меркел ја предводи германската владина делегација во официјална посета на земјава, која претпладнево ќе има свечен пречек на платото пред Владата на РМ. По заедничката средба премиерот Зоран Заев и германската канцеларка ќе имаат заедничка прес-конференција.

Портпаролот на германската Влада претходно најави дека Меркел ќе дојде во Скопје за од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.