Фудбал – Лига на шампиони

Реал во еуфорија, Чeлзи претпазлив!

27.02.2014 15:20

Ниезмерно задоволство во Реал Мадрид и позитивна претпазливост во Челзи се реакциите по вчерашните два осминафинални меча од Лигата на шампионите во коишто кралскиот клуб го декласираше Шалке и тоа на неговата Арена со 6:1, а сините од Лондон ремизираа 1:1 во Истанбул против Галатасарај.

Кога вообичаено воздржаниот Карло Анчелоти ќе реагираа еуфорично, тогаш е јасно каква претстава одигра Реал во Гелзенкирхен. „Фантастично, совршено, потенцирањето е на тимот, не на поединците. Бевме како еден и ако вака играме и натаму тешко дека ќе загубиме“, не штедеше комплименти тренерот на Реал Мадрид. Ова е период од сезоната во којшто деветкратниот европски шампион игра фудбал на највисоко ниво и буквално доминира. Триото стрелци што вчера со 6:1 го демолираше Шалке со по два гола, сезонава досега постигна 70 погодоци, Бејл 14, Бензема 20, Кристијано Роналдо 36 и со 11 е голгетер број еден во елитното натпреварување, а со 61 само трет во историјата што ја минал оваа граница заедно со Меси со 66 и Раул со 71. Ако Касилјас најде утеха што по 951 минута прими гол во Лигата на шампионите и тоа во судиското надопопнување веројатно тоа е во волшебството на Хунтелар и неговиот почесен погодок за Шалке.

Ова е Турција, ова е Истанбул, ова е Глатасарај. Се работи за голем клуб и одлични фудбалери и овде не е лесно да се игра“, објасни Мурињо кој не сакаше да ги критикува напаѓачите иако смета дека со втор гол во моментите кога Челзи имал се под контрола, можеле да го сменат текот на натпреварот. Иако и во третиот меѓусебен дуел со Галата, неговата екипа не загуби и го прими само првиот гол, „Специјалниот“ признава дека резултатот 1:1 не е добар и дека на Стемфорд бриџ на Челзи нема да му биде лесно. Затоа Мурињо кој во Премиер лигата дома не загубил ниту еднаш во 74 натпревари, но сезонава беше поразен од Базел, побара поддршка од навивачите иста каква што имаше Гакатасарај  вчеравечер на Али Сами Јен.

Стрелецот на израмнувачкиот гол за Галатасарај Чеџу кој го анулираше водството на гостите по раниот погодок на Торес, смета дека резултатот не е лош и дека турскиот првак не е без шанси на реваншот на 18 март.