Собранието ја почнува кампањата за референдумот

10.09.2018 10:13

71 пратеник од парламентарното мнозинство се изјасни дека ќе води кампања „за“ референдумот. ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште тактизира дали и каква кампања ќе води. Од опозициската партија потецираат дека Договорот со Грција е штетен за националните и државните интереси. Се откажаа од државните пари и побараа нивна пренамена за проекти во интерес на граѓаните.

Од денеска Собранието официјално ја почнува кампањата за референдумот на 30-ти септември. Како овластен предлагач, на посебна сметка доби 80 милиони денари од тековната буџетска резерва.

71 пратеник од парламентарното мнозинство се изјасни дека ќе води кампања „за“ референдумот. ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште тактизира дали и каква кампања ќе води. Од опозициската партија потецираат дека Договорот со Грција е штетен за националните и државните интереси. Се откажаа од државните пари и побараа нивна пренамена за проекти во интерес на граѓаните.

Движењето „Бојкотирам“ излезе со јасен став- ги повика граѓаните да не излегуваат на гласање.

Владата преку теренски посети, неформални средби со граѓаните и учество на јавни настапи, води кампања базирана на принципите на објективност, транспарентност и рационалност. Ги повика граѓаните да излезат и да се изјаснат на референдумот за името. За комуникација преку социјалните медиуми ќе одвои 400 илјади денари.