Приведен градоначалникот на Демир Хисар

10.09.2018 10:17

Извори од истрагата информираат дека Стојановски е повикан на распит во врска со видеото што излезе во јавноста на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори.

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски вчера е приведен во полициска станица на информативен разговор.

Извори од истрагата информираат дека Стојановски е повикан на распит во врска со видеото што излезе во јавноста на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден.