Франција
Повредени во напад со нож во Париз
10.09.2018 10:20
Инцидентот се случи пред 23 часот во северниот дел на главниот град.

Седуммина се повредени во напад со нож во Париз. Полицијата го уапси Авганистанецот, а случајот не се третира како тероризам.
Инцидентот се случи пред 23 часот во северниот дел на главниот град. Во последните месеци, во Франција се случија неколку напади со нож, но за нив не беше покрената истрага за тероризам.
