Земјоделско земјиште под закуп
Утре е последниот рок за доставување на понудите за закуп на скоро 1.000 хектари државно земјоделско земјиште во 9 региони во земјава. Огласот е наменет за земјиште за земјоделско производство и за изградба на рибници. Парцелите се поголеми од 3 хектари, a закупецот ќе се избира со електронско јавно наддавање...

1.000 хектари државно земјоделско земјиште се нудат под закуп. Парцелите се наоѓаат во 9 региони, а поголемиот дел од ниве се во Прилеп, Струмица, Кисела Вода и во Кочани.
Времетраењето за користење на земјиштето е различно. Идните корисници доколку се занимаваат со растително произвоидство во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, површините ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.
Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на огласот.
На јавниот оглас секој понудувач треба да достави само еден образец, а може да аплицира за една, две или за повеќе парцели.
Почетната цена е од 15 до 120 евра за хектар во зависност од катастарската класа и местоположбата на парцелата.
Огласот ќе трае до 11-ти септември, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.
Методија Трајков
