Реевиденција на иконите и фрескоживописот во Прилепско
Годинава ќе се врши реевиденција на иконите и на фрескоживописот во прилепските цркви и манастири. Над 600 икони главно се од 19-от, но има и од 16-ти и од 17-ти век. Реставрацијата ќе продолжи и догодина...

Во 46 прилепски села со цркви и манастири се откри големо богатство на 611 икони и фрескоживописи, констатираа оваа година од прилепскиот „Завод и музеј“ во првата реевиденција на ова богатство. Главно, потекнуваат од 19-ти век и се дело на последен прилепски зограф, но ги има и иконите и фреските од 16-ти и 17-ти век.
Научниците имаат полни раце работа за конзервација и реставрација на иконите и фрескоживописот. Ситуацијата е тешка, и тоа интензивно ќе продолжи в година.
Повеќе од десет години нема кражби на икони во прилепско. Главно, зашто црквоните совети имаат поставено алармни системи во црквите, а забележливо е дека се крадат само пари.
Стручњаците од прилепскиот „Завод и музеј“ ќе имаат обемна работа и в година. На ред е реевиденцијата на прилепските цркви и манастири каде е и најобемна работата.
За две години направена е реевиденцијата на иконите, фрескоживописот и архитектурата во Долненско, Мариовско, во Крушевско и во Кривогаштанско каде се работеше во црквите и манастирите во 82 населени места.
Елизабета Митреска
