Шведска: Победа за Социјалдемократската работничка партија
Според неофицијалните изборни резултати, социјалдемократите освоија 28,4 отсто од гласовите и 101 место во шведски Риксдаг со 349 пратеници, и се пред конзервативната Умерена партија која доби 70 мандати.

Шведската владејачка Социјалдемократска работничка партија победи на парламентарните избори, но не успеа да обезбеди мнозинство во новиот Парламент заедно со коалициските партнери – социјалистичката Лева партија и еколошката Зелена партија.
Според неофицијалните изборни резултати, социјалдемократите освоија 28,4 отсто од гласовите и 101 место во шведски Риксдаг со 349 пратеници, и се пред конзервативната Умерена партија која доби 70 мандати.
Најголем успех во однос на претходните избори оствари десно-популистичката партија Шведски демократи со 17,6 отсто од гласовите и 62 пратеници така што може да игра клучна улога во формирањето на идната Влада во услови кога ниту еден блок не обезбеди мнозинство во Парламнтот.
