САД: Подготовки за ураганот „Флоренс“

10.09.2018 11:41

Прогласена е вонредна состојба и пратено е барање за користење федерални ресурси доколку бурата стигне со засилен интензитет на територијата на оваа сојузна земја.

Наслението во Јужна Каролина се подготвува за ураганот од четврта категорија „Флоренс“. Прогласена е вонредна состојба и пратено е барање за користење федерални ресурси доколку бурата стигне со засилен интензитет на територијата на оваа сојузна земја.

Гувернерот ги повика граѓаните да дејствуваат веднаш. Зад „Флоренс“, се движат други две големи бури, но според прогнозите, тие веројатно нема да го погодат континентатлниот дел на САД.