Русија: Апсења на протестите против пензиските реформи
10.09.2018 12:10
Граѓаните се револтирани поради поместувањето на старосната граница за заминување во пензија, односно 65 години за мажите, и 63 години за жените.

Речиси илјада луѓе се уапсени на протестите против пензиската реформа во Русија. Најмногу приведени има во Санкт Петербург и во Екатеринбург каде што собирите беа организирани од рускиот опозициски лидер Алексеј Наваљниј, којшто е во затвор.
Граѓаните се револтирани поради поместувањето на старосната граница за заминување во пензија, односно 65 години за мажите, и 63 години за жените.
Ова е прва ваква реформа од 1932 година.
