Столтенберг: Протоколот за интеграција во НАТО би можел да се потпише во првата половина од 2019-та

10.09.2018 12:32

Сѐ зависи од тоа кога ќе финализираат уставните промени во земјава, но при посетата на Скопје му било посочено дека ова може да се заврши на почетокот на 2019-та, а веднаш потоа може да се потпише и Протоколот за членство.

Мислам дека можеме да го завршиме процесот на ратификација и да го потпишеме Протоколот за интеграција на ПЈРМ во НАТО пред изборите, во првата половина на идната година, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

Сѐ зависи од тоа кога ќе финализираат уставните промени во земјава, но при посетата на Скопје му било посочено дека ова може да се заврши на почетокот на 2019-та, а веднаш потоа може да се потпише и Протоколот за членство.

Генералниот секретар на НАТО во интервјуто за „Катимерини“ испраќа порака дека и Скопје и Атина треба да ги исполнат обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа, дека не постои начин за влез во НАТО без договор за името, но говори и за впечатоците и искуството од посетата на Скопје.