Сноуборд

Сноуборд на Шапка

27.02.2014 15:24

Бордање, забава, промоција викендов на Попова Шапка. 16-ти пат во Македонија, а за првпат во календарот на Светската скијачка федерација во ваков формат влегува ФИС Сноуборд Купот 2014-та во организација на сноуборд клубот Полар од Скопје.

40 сноубордери од Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Чешка, Косово, Грција и јасно од Македонија, ќе се натпреваруваат во дисциплините Биг ер и слупстајл (олимписки дисциплини) во машка и женска конкуренција.

Ова е повеќе од убава можност за уживање во атракцијата која ја носат овие две исклучително интересни и привлечни дисциплини, исполнети со скокови и акробатски вештини.

Саботата во 10 часот ни носи натпревари во Биг ер, неделата во истиот термин слупстајил, додека во 14 часот преку забава ќе бидат прогласени победниците.

Организациската улога за оваа Мак афирмација задолжени се, сноуборд клубот Полар, скијалката федерација на Македонија, Елем Турс и ски центарот Попова Шапка.