Брисел

ЕК: Граѓаните сами да однесат одлука на референдумот

10.09.2018 15:16

Граѓаните да се изјаснат на референдумот без надворешно мешање. ЕУ го поддржа постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција и сега треба да се реализира договореното, порача Европската комисија од Брисел...

„Граѓаните во Македонија мораат да гласаат без мешање од надвор“. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, од Брисел порача дека очекува луѓето да одлучат сами на 30-ти септември.

„ЕУ го поддржи постигнатиот договор за името, сега низа чекори треба да се случат за договорот да стане дефинитивен. Референдумот е моментот кога народот може да го искористат своето демократско право, ова е важен момент за нив да одлучат да иднината на нивната земја и треба да им биде овоможено тоа да го направат без надворешно мешање“, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на Европска комисија.

Надворешните фактори и мешања во кампањата, како и лажните вести се зачестени, а Коцијанчич вели дека европските служби ги споделуваат најдобрите пракси во оваа област со нивните партнери. Сепак, подвлече, организацијата на референдумот е пред сѐ во рацете на државата како суверена земја.

 

Катерина Топалова