Еди Рама во официјална посета на Република Македонија

05.11.2013 13:16

Албанскиот Премиер Еди Рама е во официјална посета на земјава

 Доаѓа на покана на Премиерот Никола Груевски. На агендата на Рама, планирани се средби со државниот врв, Претседателот  Иванов и со Претседателот на Собранието, Вељаноски. Рама треба да се сретне и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Како што јавуваат албанските медиуми, ќе се разговара за унпаредување на билатералните односи, соработката во областа на економијата и трговската размена, за реализација на капитални инфраструктурни проекти, како и за европската перспектива и регионалната интеграција, кои се зацртани во стратегијата на двете земји. Ова е прва посета на Рама, откако во септември ја превзеде премиерската функција.