Русија: САД користеле фосфорни бомби во Сирија

10.09.2018 15:25

Генералот на руската војска, Владимир Савченко, соопшти дека нападите предизвикале големи пожари како и дека во тек се проценки за тоа дали имало жртви.

Русија ги обвини САД дека во воздушните напади на истокот на Сирија користеле фосфорни бомби во цивилни зони, што е забрането според меѓународните договори.

Генералот на руската војска, Владимир Савченко, соопшти дека нападите предизвикале големи пожари како и дека во тек се проценки за тоа дали имало жртви.

Меѓународната коалиција предводена од САД ѝ помага на Арапско- курдската коалиција која со месеци води офанзива во пустинската провинција Деир Ез Зор меѓу реката Еуфрат и границата со Ирак, каде што џихадистите на Исламска држава сѐ уште контролираат помали области.