Граѓаните купуваат енергетски ефикасни станови, а добиваат „Б“ или „Ц“ класа
Граѓаните не можат да бидат сигурни дали навистина купуваат енергетски ефикасен стан од прва категорија, бидејќи сертификатите се издаваат врз проектната документација, а потоа може да настане промена, предупредуваат од Стопанската комора. Утврдени се разлики. Најавен проект што треба да ги промени состојбите на терен...

Највисоката енергетска „А“ класа на хартија, не е гаранција дека скапо платениот стан и во реалноста е мал потрошувач на струја, велат експертите. Досегашните искуства покажале дека реалните трошоци кај објектите се поголеми од предвидените. Во Скопје, само мал број објекти се градени според стандардите на европската енергетска ефикасност.
Според експертите, квалитетните материјали доколку правилно не се вградени, ќе дадат слаби ефекти. Со проектот ќе се прави промена на состојбата на терен, ќе се вршат обуки, инвеститорот ќе има целосен увид во енергетската состојба на објектот.
Новиот проект на Стопанската комора ќе се реализира во соработка со партнер од Шпанија и со Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Дијана Ценевска
